Шеесет и деветгодишната И.А. од тетовската населба Дреновец - Порој синоќа во 22.30 часот е погодена од куршум од огнено оружје што ѝ нанел влезна рана во левата натколеница и скршеница на коската.
Како што инфомира СВР-Тетово, повредената изјавила дека слушнала изтрел кога излегла од дома и се упатила кон куќата на нејзиниот брат во соседството. Истовремено почуствувала болка во ногата и паднала на земја.
Со помош на нејзини соседи била пренесена на хируршкото одделение од тетовската клиничка болница.
СВР-Тетово работи на утврдување случувањата и откривање на сторителот.