Арбаб Кизер Хајат (25) од Пакистан има неверојатни 432 килограми.
Го нарекуваат Пакистанскиот Хулк.
Висок е 186 сантиметри а тежи неверојатни 432 килограми.
Тој кренал четири и пол тони на натпреварување во Јапонија а неодамна е снимен како запира трактор и автомобили. Тој ги држел за јаже додека тие се обидувале да стартуваат.
Арбаб дневно внесува 10.000 калории, односно неговото дневно мени се состои од 36 јајца, повеќе од три килограми месо и пие пет литри млеко.
Пакистанецот вели дека сака да стане светски првак во кревање тегови.
„Му благодарам на Бог што ми дал вакво тело. Само е прашање на време пред да станам светски првак“, вели Хајат.
Во неговата држава е ѕвезда и го сметаат за најсилниот маж во Пакистан.