Педофил од Белград злоупотребил 9 годишно девојче по интернет!

Момче (26) од Белград е приведено, поради наведување на деветгодишно девојче од Ниш да му прати видео- клип на кое мастурбира.

Педофилот во полиција кажал дека, таа го лажела дека има 26 години и дека го наговарала да се венчаат, по што тој е пуштен да се брани од слобода.

Тој стапил во врска до детето преку интернет сајт за запознавање.

Откако стапиле во контакт на интернет, тие си размениле телефонски броеви, па почнале да разговараат многу често, и откако ја добил нејзината доверба почнал да и зборува за секс.

Педофилот тврди дека незнаел оти зборува со дете, зошто на профилот и пишувала дека има 22 години а кога разговарале на телефон, му кажала дека има 26 години.

Тој признал дека и барал секси слики, но на видеото кое му го пратила не се гледал нејзиниот лик, па не сватил дека се работи за дете.

Поднесена е кривична пријава против него и му се заканува затвор од пет до осум години.

Коментари

Популарно