ВИДЕО: Како Македонецот Даниел го растури Алекс Филип од Романија

Даниел Стефановски е борец во дисциплината К1, кој се покажа во одлично издание и на натпреварот во Букурешт каде што имаше голема победа против Романецот Алекс Филип. Иако се соочи со противник кој е десет години повозрасен од него, подготвеноста на Даниел беше клучна, па тој успеа да се избори за победа.

Стефановски го нокаутираше Филип после само неколку секунди во 3. рунда, а тоа донесе голема победа за него која му ги отвора вратите за уште посилни натпревари.

Доколку немавте можност да ја погледнете борбата, можете да ја видите во видеото каде што ги има комплетните две рунди и десетте секунди од 3. рунда кога борбата беше прекината.

Коментари

Популарно