Ви се вклучува роаминг додека сте во Македонија: како ќе влијае тоа на вашата сметка?

Роамингот кои деновиве се вклучува на мобилните кај дел од граѓаните нема да ги зголеми нивните сметки уверуваат од АЕК. Причината за тоа е што со спојувањето на Оне и Вип дел од претплатниците се уште се на старата мрежа и додека да се префрлат на новата се ставени на национален роаминг.

Заклучно со третиот квартал лани регистрирани се над 2 милиони активни претплатници во мобилната телефонија 3,6 отсто повеќе од претходниот квартал. Поголем дел од претплатниците користат припејд услуги отколку постпејт. Намален е и бројот на испратени СМС пораки.

Од компанијата велат дека наскоро во Македонија со работа ќе почне нов четвр мобилен оператор.

Од АЕК велат дека изминатиов период намален е бројот на жалби и поплаки од граѓаните. Што се должи на зголемената едукација кај луѓето и контролите кои од АЕК врз операторите.

Коментари

Популарно