Овие деца заработуваат по 500 евра на ден - еве како

Децата во норвешкото градче Балстад сечат јазици на бакалари, а најврдните заработуваат дневници од неколку илјади норвешки круни.

Најдобар во оваа работа, односно, најдобар во заработката, досега се покажал 16-годишниот Тригве Петерсен. Неговиот татко е рибар кој го научил како најбрзо и најпрецизно да им ги сече јазиците на бакаларите. Затоа и не е чудно тоа што Петерсен напредувал многу брзо.

- Кога почнав да ја работам оваа работа, сечев од прилика два килограми риби во еден ден. Но, денес можам да обработам и до 80 килограми, а некогаш во еден ден заработувам и до 4.500 норвешки круни (околу 500 евра). Успеав да заштедам доволно пари за да отпатувам во Америка. Ќе уживам во авантурата од Њујорк до Хаваите која самиот ќе си ја платам - рекол Петерсен.

Рибарите од Балстад веќе со генерации им ги подаруваат главите од бакаларите на децата од кои тие ќе го исечат јазикот заедно со брадата и вилицата и им ги доставуваат на купците. За килограм јазик можат да добијат речиси 7 евра. Тие велат дека децата отсекогаш биле одговорни за работата со јазици на бакаларите.

- На возрасните едноставно не им е дозволено да дојдат тука и да работат. Тоа е наша работа, наша традиција - вели Јоханес, едно од момчињата.

Бакаларот е норвешки специјалитет, па поради големата побарувачка и големиот извоз, како и многу добрата економска стабилност на земјата, стотици деца имаат можност уште од мали да се вклучат во овој бизнис.

Коментари

Популарно