Дилер осуден на 3 години затвор пуштен на слобода поради 'добар бизнис модел'

Еден судија од вишиот суд во Квинсленд го пофали дилерот на дрога за неговите одлични бизнис вештини во водењето на неговите операции поврзани со метамфетамин.

Судијата Ен Лајонс во текот на судењето му рекла на обвинетиот Броди Сатерли дека тоа што го работи очигледно не е најдобар бизнис, но сепак користи добар бизнис модел.

Имено, обвинетиот признал дека додека ги водел своите операции за дилање со метамфетамин, тој давал упатсва околу цените на производот , т.е. дрогата, наплаќал камата на долговите и давал попусти и поврат на средства на незадоволните клиенти.

Обвинетиот исто барал фидбек од своите клиенти, со цел подобрување на својот производ бидејќи сакал да постигне и продава високо-класен метамфетамин.

Судијата Лајонс на крајот го осудила обвинетитот на 3 години затвор, но веднаш потоа го помилувала и го охрабрила да продолжи да ги користи бизнис методите но наместо во лоши, во добри цели.

Коментари

Популарно