ФОТО: Познатиот македонски актер го стави потписот во матично

Пред неколку месеци  познатиот македонски актер и музичар ја побара раката на својата сакана и тоа јавно на една забава под отворено небо.

Оваа 2017 година посведочивме и слушнавме за многу венчавки, свршувачки, новородени бебиња, а кога е за убаво веста секогаш се шири со брзина на светлината.

Една таква вест викендов сподели и познатиот актер и пејач Кирил Трајковски Максим или попознат како Марлон Брандо, кој го стави потписот во матично и стана сопруг на убавата Ирена Донческа.

Кирил го јавна првиот бран од брачниот живот, а дали двојката ќе прави и свадба, засега останува непознато.

Чинот од матично тазе младоженецот го објави на Фејсбук, по што на честитките им нема крај.

Инаку, актерот во своето срце покрај Ирена ја има и слатката ќеркичка Дара!

Коментари

Популарно