Дара Бубамара во голем проблем: Посетувала психијатар и сака да ја напушти Србија?

Дара Бубамара во последно време се чувствувала психички лошо, почнал да и смета притисокот од јавноста, луѓето кои ја пишуваат, нејзиниот приватен живот, поради што побарала помош од психијатар.

Дара во последно време е растргната од настапи, постојано пакување и распакување и буквално не знае каде се наоѓа. Се во што порано уживала во врска со нејзинатакариера почна да и смета. Таа се обидува да се извлече од ситуацијата и затоа веќе 3 месеци посетува психијатар, но ништо не вроди со плод. Еднаш рекла дека би било најдобро да ја напушти Србија и да живее во некоја земја каде што не е популарна. Психијатарот ја поддржал во тоа и и рекол својата замисла да ја оствари, бидејќи во Србија може да се врати кога сака. Сите сме загрижени за неа. Не знаеме како да и помогнеме. Се труди само пред синот да не биде тажна и нервозна, додека цело време е напната. Пред два дена ангаирала агент да и најде стан во Италија, иако на никој не му е јасно зошто одбрала таму, а од секогаш сонувала да живее во Франција, рекол извор близок на Дара.

Коментари

Популарно