Овие жени доживуваат оргазам додека вежбаат – еве зошто и како!

Оргазмите кои се стимулирани со вежбање во научната литература се спомнуваат повеќе од 50 години, а се викаат корегазми.

Прв пат овој термин го употребил сексологот Алфред Кисеј во 1953-та година во книгата за сексуално однесување кај жените.

Тој заклучил дека само 5 проценти од жените тоа го доживуваат.

Многу од нив ќутат за тоа поради тоа што им е непријатно со што тој податок сигурно е многу повисок.

Истражувањето кое е објавено во 2012-та година во кое учествувале 530 жени покажало дека 246 од нив доживеале оргазам за време на вежбањето.

Второто истражување кое е спроведено на Универзитетот во Индијана открило дека најголема шанса за жената да доживее оргазам е додека вози велосипед, вежба јога, дига тегови или трча.

Најчесто тоа се случува кога се прават вежби со подигнување на ногата.

Фитнес инструкторите и личните тренери истакнуваат дека жените сигурно нема да истрчаат до нив за да им кажат дека доживеале оргазам, па затоа и не знаат дали има такви случаеви.

Доцент Горан Арбанес доктор, психијатар и сексуални терапевт истакнува дека постои една ретка состојба во која во текот на денот жените можат да доживеат оргазми.

„Некои се предизвикани од сексуален однос, а некои се случуваат и без никакви сексуални стимулации“.Ова беше таков случај, жената да доживее оргазам вежбајќи во теретана, еројатно во некоја посебна положба која кај жените предизвикува оргазам.

При тоа нема никакви сексуални стимулации, рече тој.

Тоа всушност е комбинација од активирање на мускулите кои се споени со меѓуножјето и ендорфинот кои се ослбодува за време на вежбањето.

До оргазмот доаѓа кога телото повеќе не може да го поднесе интензивен притисок од протокот на крвта низ гениталиите.

Ослободувањето на жената од напнатоста е пропратено со контракцијата на мускулите во вагината.

Доколку жената е среќна може да доживее и повеќе оргазми, доколку стимулацијата продолжи.

Коментари

Популарно