ФОТО: Поранешната македонска љубовна двојка по неколку години на иста сцена

Од почетокот на нивната врска поминаа доста години, а пак од нивното раскинување околу пет.

За време на музичкото шоу „Идол“ нивните љубовни искри се родија, а подоцна прераснаа и во врска која траеше.

Пејчот Виктор Апостоловски и пејачката Јана Бурческа не се заедно веќе подолг период, но се едни од ретките и тоа од јавната сцена што и по врската функционираат како пријатели. Таа сега е во среќен брак од кој ја има малата Дона, а па тој во свој филм, посветен на музиката и ергенскиот живот.

Во една прилика Виктор изјави дека со Јана се уште се пријатли и тој неизмерно ја поддржува кога настапуваше на Евровизија.

Пред се, ние сме пријатели, така што јас од срце и посакувам успешен настап, висок пласман и најважно од се, добра забава”, изјави тогаш Виктор.

Имено, вечеравечер се одржа забавата за новиот почеток на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, а на ревијата од брендот „Сара Фешн“ во стилот на ревиите од „Викторија Сикрет“ на сцената заедно со манекенките пееја токму Виктор и Јана.

Па така, поранешните љубовници повторно се најдоа еден покрај друг на истата сцена, но овој пат само како пријатели и колеги.

Според некое непишано правило, пријателството по љубовната врска речиси да не успева, но во нивниот случај очигледно не е така.

Дека навистина функционираат како пријтели покажаа и со една заедничка фотографија на која позираа заедно, а се најде на социјалните мрежи.

Ова беше еден редок момент од љубовните врски на домашната естрада кој функционира на ваков начин како на Виктор и Јана.

Инаку, Јана деновиве се впушти во водителските води, односно стана водителка на музичката емисија „Стисни Плеј“, а пак Виктор  ја промовираше својата нова песна насловена „ In the name of love“.

Вистина.мк

Коментари

Популарно