ФОТО: Инстаграм ја отстрани голата фотографија од најсекси бабата на светот

"Најсекси бабата на светот" е позната по своите провокативни изданија на социјалните мрежи, но последната објава беше отстранета од страна на Инстаграм.

Џина Стјуарт привлече внимание претходно оваа година кога влезе во финалето на натпреварот за убавина на "Maxim", на коj 48-годишната Стјуарт се натпреварувала против 18-годишните девојки. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

❤️You come into this world with nothing and leave with nothing❤️ So make it memorable❤️#comment#like#share

A post shared by Worlds hottest grandma (@ginastewartofficial) on

На спорната фотографија Џина е потполна гола, што за Твитер е дозволиво, но за Инстаграм не. Секси Австралијанката изјавила дека е разочарана бидејќи не смета дека ги прекршила правилата.

"Правилата велат дека не смее да има брадавици на фотографиите, а јас им се обратив на Инстаграм да ја вратат фотографијата. Тоа е само гола фотографија на која косата ми покрива се'".

Џина е инаку мајка на четири деца и има еден внук, а славата набрзо ја пронашла на Инстаграм каде денес ја следат повеќе од 100 илјади следбеници. Во разговор за едно австралиско списание, таа открила и дека наскоро има намера да ги отстрани силиконите бидејќи сфатила дека здравјето е поважно од големината на градите.

Стјуарт вградила силикони пред 10 години бидејќи мислела дека со тоа ќе ја реши несигурноста во себе, но наместо тоа вели дека ја осудуваат уште повеќе. Таа додава дека силиконите се единствената козметичка операција која таа ја направила.

Коментари

Популарно