ФОТО: Српската водителка на која автобус и ја откина раката прв пат се огласи по несреќата

Водителката, Деа Ѓурѓревиќ, после тешката сообраќајна незгода се уште се наоѓа во Воено медицинската академија во Белград.

Цело време нејзина поддршка и дава нејзиниот свршеник и нејзината мајка.

До сега таа имала неколку интервенции на раката, а поради тешките повреди се уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега.

Таа објави фотографија со порака и сите ги трогна.

 -Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку е победа над него. Храбар човек не е оној кој се чувствува уплашено, туку оној кој ќе го надвладее тој страв, пишува водителката.

Несреќата се случи на 6. феевруари кога по сообраќајка водителката излезе од автомобилот, а на неа налета автобус и и ја откина раката, а лекарите по долги часови на операциона маса, успејаа да и ја спасат.

Коментари

Популарно