Во која земја Фејсбук направи радикални промени?

На мрежата во Британија  Фејсбук воведе забрана за користење  на истата од страна на десетина крајно десничарски поединци и организации за кои тврди дека „шират омраза“.

Начелно забраната се однесува на Британската национална партија и нејзиниот поранешен лидер Ник Грифин, Англиската одбранбена лига и еден од основачите Пол Рејн, Националниот фронт и нејзиниот лидер Тони Мартин и Џек Реншо, неонацист кој планирал убиство на лабуристички пратеник.

Фејсбук посочи дека забраната е воспоставена бидејќи тие на кои се однесува заговарале „насилни мисии или мисии кои шират омраза“.

– Поединци и организации кои шират омраза или напаѓаат или повикуваат на исклучување на други на основа на тоа немаат место на Фејсбук, наведе компанијата во соопштение.

Според портпарол на Фејсбук, на сите посочени ќе им биде оневозможено присуство на кој било сервис на мрежата.

Коментари

Популарно