ФОТО: Вака се славеше во домот на Пере од „Нокаут“

Никола Перевски -Пере од „Нокаут“ се пофали дека вчера било весело во неговиот дом. Тој откри дека имале два родендени кои ги прославиле во домашна атмосфера. Имено, неговата помала ќерка Каја наполни 12 години, а неговиот татко 68.

Двајцата имаа една заедничка торта во форма на грамофон и заеднички дуваа на свеќичките. 

„Внука и дедо во ист ден. Да ми се весели, здрави, живи. На ќерка ми и татко ми среќни родендените и за многу години“, напиша Пере.

Коментари

Популарно