ФОТО: Шехерезад со висок шлиц и голи нозе

Популарната и една од најплатените турски актерки, Бергузар Корел или попозната како Шехерезад, македонската публика веќе неколку месеци ја гледа како Азизе во серијата „Vatanim sensin“.

По завршувањето на снимањето на оваа серија каде по седум години повторно глумеа заедно со сопругот Халит Ергенч, Бергузар сега работи на нов филмски проект, но без сопругот. Освен актерската кариера, таа е особено активна и како пејачка,  а досега има издадено и албум со една џез група од Истанбул.

Бергузар е активна корисничка на социјалните мрежи, но многу ретко објавува моменти од приватноста, туку такви поврзани со нејзините професионални ангажмани.

Најново, освен на снимањето на новиот филмски проект, работеше фотосесија, а се повеќе европски магазини ја бараат за насловна страница и како модел.

Овој пат позираше на бела постела олечена во секси црн коктел фустан кој ја истакна нејзината витка линија, а пак високиот шлиц и позата ги ставија во фокус нејзините прекрасни текнки и долги нозе.

Коментари

Популарно