Видео: Кој е победникот на Златната палма во Кан?

Јужнокорејскиот режисер и сценарист Бонг Џон-Хо (Bong Joon-ho ) е добитник на Златната палма на годинашното издание во Кан за социјалниот сатира "Parasite"- "Паразит".

Јужнокорејскиот режисер е познат по филмовите „ Okja" и "Snowpiercer"  и доби позитивни критики за неговиот нов филм "Паразит", филм за сиромашно семејство кое се преставува како многу побогато отколку што е. 

Бонг Џон-хо е првиот корејски режисер кој ја освои главната награда во Кан, после неговиот последен настап во конкуренција со филмот "Окја" во 2017 година.

Тоа беше сосема неочекувана одлука откако Квентин Тарантино и Педро Алмодовар, односно нивните филмови "Беше еднаш во Холивуд" и "Бол и Слава", беа фаворити на 72-от Кански филмски фестивал. 

Квентин Тарантино остана со празни раце и покра позитивните критики, како и други режисери во  т.н "тешка категорија", како што е Кен Лоач, чиј филм ""Sorry We Missed You"  остави добар впечаток на почетокот на фестивалот. 

Наградата Гран-при, втората најпрестижна на фестивалот во Кан, му беше доделена на Француско - Сенегалскиот режисер   Мати Диопза филмот "Atlantics" . 

Белгиските браќа ean-Pierre i Luc Dardenne освоија награда за најдобра режија за филмот "Млади Ахмед".

Британската актерка Emily Beecham беше прогласена за најдобра актерка за улогата во филмот "Мали Џо", а Антонио Бандерас за најдобар глумец во филмот  „Бол и Слава“.

Коментари

Популарно