Попоски: Пораст на температурите но и дестабилизација на атмосферата

Под влијание на изразено јужно воздушно струење во текот на следните неколку денови ќе имаме значително потопло време а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец додека пак максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека пак во централните  и во југоисточните предели од државава истите се очекува да се искачат до 32 степени. Сепак атмосферата нема да биде стабилна па така повремено ќе има појава на локален дожд а локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за појава на град и тоа поголеми услови за оваа појава ќе има во вторник кога и очекуваме на повеќе места развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради силното јужно воздушно струење овие денови ќе се изврши транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашите краеви.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно