ФОТО: Георгина во секси бикини ужива во базен, додека Роналдо тренира

Пред неколку дена и официјално Кристијано Роналдо замина на заслужен одмор. Сезоната ја заврши со титула во Лигата на нации, а веднаш потоа со својата девојка Георгина Родригез и своите најблиски летна за Грција.

Но, наместо да прави одмор од фудбалските активности и вежбалниците, Португалецот повторно ја покажа својата пасија и работна етика. Додека неговата понежна половина се „ладеше“ во базенот, тој правеше вежби и со тоа се пофали на социјалните мрежи.

Георгина, за разлика од него, не чекаше долго и го покажа своето тело во секси бикини. Фановите веднаш започнаа да коментираат и да го „осудуваат“ Роналдо поради неговата одлука да не ужива покрај аргентинскиот модел.

Плажите во Грција станаа омилена дестинација за Кристијано и Георгина кои и минатата година решија одморот да го поминат кај нашиот јужен сосед.

Коментари

Популарно