Сеад Кочан оди во затвор на 17 Јули

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд - Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“ изготви и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор. Се работи за осудениот Сеад Кочан кој треба да одлежи 4 години и 8 месеци затвор. 

Тој првично беше осуден на шестгодишна затворска казна, но повисокиот суд му прифати дел од жалбата и казната му беше намалена. Кочан е осуден за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Кочан е должен на 17 јули годинава да се јави на издржување на казната затвор во скопската казнено-поправна установа.

Коментари

Популарно