На Тамара и се заканува 3 години затвор за навреда на Македонски државни симболи?

Силни реакции и дилеми се појавија во јавноста дали вчера со неисполнување на почетниот стих од националната химна пејачката Тамара Тодевска ги нарушила честа и угледот на Република Македонија и државните симболи.

Според членот 178 од Кривичниот законик тој што “со исмејување намерно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна ќе се казни со затвор од 3 месеци до 3 години”.

Свесното пропуштање на првиот стих од химната во кој се споменуваат Гоце Делчев и Даме Груев, за дел од експертите може да се третира како обид за исмејување и непочитување на националниот симбол.

Коментари

Популарно