ФОТО: Коментаторот на Арена со сопругата летува во Охрид

Стеван Ставановиќ, коментаторот на Арена кој стана миленик на Македонците со преносите на натпреварите на Вардар, за одмор ја избра Македонија. Стеван со сопругата летува во Охрид и од сликите кои ги објавува се гледа дека ужива.

Преку ден се забавува на плажата Оревче, а навечер шетаат нив познатите локалитети. Ја посетиј и позната работилница за производство на бисери и добија пригодни подароци.

Имено, Стеван имаше шанса заедно со нашите ракометари да допатува во Скопје и во една прилика тој истакна: „Што се однесува до импресиите, јас такво нешто досега немам доживеано. Отсекогаш како навивач сум сакал да го доживеам тоа, и го доживеав како спортски коментатор и тоа во туѓа земја – Македонија која е секако братски народ за нас. Нешто поубаво не можеше да се случи за мене“.

Стеван Стевановиќ не крие дека е заљубен во својата сопруга а често е дел од неговите фотографии на Инстаграм.

Коментари

Популарно