Фото: Поранешната мисица ја изгуби борбата со тешката болест

Дијана Мијолковиќ-Родена е во Чурпија во 1987 година, а во 2009 година победи на натпреварот „Мис на Србија“.  На натпревар во 2014 година стана „Мис на Европа“ и  „Мис на спортот“, а по тие успеси продолжи да работи како модел. За жал Дијана  вчера почина на свои 33 години.

Мис на Европа ја изгуби долгата и тешка борба со ракот на грлото на матката кој ѝ беше дијагностициран на 27 години. За тешките, но и убавите моменти, Дијана ги известуваше бројните следачи преку нејзиниот блог, преку кој делеше и совети и искуства.

– Научете уште денеска да го цените целиот свој живот. Исфрлете ги лошите навики, пороци, променете се. Лошите навики многу можат да го променат вашиот живот. Животот е само еден и е многу краток. Никој од нас не знае што го чека утре. И дали воопшто го чека. Затоа немојте да се препуштите на својата иднина. Искористете го денеска и направете нешто за себе и за својот организам- ова е еден од последните постови на Дијана.

Коментари

Популарно