Градоначалник за Велес ќе се избира во втор круг

Според досега од обработените податоци на ДИК, во Велес со тесна предност е Аце Коцевски од редовите на СДСМ и Сојузот за иднината пред Славчо Чадиев кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

По ова е извесно дека Велес ќе бира градоначалник во вториот круг. Коцевски во првиот круг освои 49,2 отсто од гласовите, додека Славчо Чадиев 45, 9 отсто.

Ваквата разлика не е ненадоместлива за владејачката коалиција, а најдобар пример за тоа се минатите локални избори.

За Коцевски гласот го дале 16.163 гласачи, додека за Чадиев 15.110 гласачи.

Коментари

Популарно