ФОТО: Од возење со Вучиќ на готвење со Вучиќ

Драган Вучиќ дефинитивно е феномен! Додека едни  со  потсмев констатираат дека неговите ТВ емисии имаат „ниско естетско и уметничко ниво“, други му се восхитуваат зашто Вучиќ како ТВ водител трае колку и независна и самостојна Македонија, а како музичар и години пред тоа!

Вакви или такви, едно е сигурно: што и да направи, емисиите му се секогаш гледани. Та биле нискобуџетни проекти, наменети на социјалната структура на македонскиот ТВ аудиториум.

Сеедно, Драган Вучиќ и натаму „вози“ во македонскиот ТВ етер, долго како никој друг машки ТВ водител.  Зашто Вуле има „чувство за осет“, а Бога ми и сенс да го погоди „вкусот на народот“! Или што би рекле некои, на водителот и публиката им се поклопуваат „нивоата на желби, вкусови и размислување… па успехот, што се огледа во гледаноста е неминовен!

Освен тоа Вучиќ секогаш има спонзори. Можеби од „поситните“, ама ги има и тоа повеќе…

Жаре – „1 на 1“ дури и се обиде да му ја разоткрие тајната на успехот на феноменот: „Двесте години ги има најдобрите спонзори: кафе, сокче, чоколатце“…

„…Одиш на квиз кај Вучиќ и… спремен си за задушница!“

Можеби… Ама затоа Драган Вучиќ е подготвен на се’… па и да влезе во кујна!  Така новото шоу на „феноменот“ Вучиќ е всушност кулинарско.

Автобусот го замени со кујната, шоферската шапка со готвачка престилка, а воланот и менувачот Вуле ги замени со сукало и кутлача…

И со уште многу други готвачки реквизити и кулинарски рецепти кои ќе ги видиме во новата емисија на новата ТВ ферквенција, зашто Вучиќ кога менува, менува „од корен“, па така ја смени и телевизијата. Отсега неговите „Гурмански муабети“ ќе одат на ТВ Телма… Уште таму не бил.

А, во нив, најголемите балкански ѕвезди ќе ги готват своите специјалитети…

Само уште не знаеме дали Здравко Чолиќ, Цеца, Сергеј Ќетковиќ, Ана Бекута…

…И останатата ѕвездена елита ќе се докажува во кујната по  теркот на македонскиот ТВ феномен – Драган Вучиќ или тој по нивните рецепти?!

Коментари

Популарно