Студент во Франција се сaмoзапaли поради

Студент на возраст од 22 години во саботата се запали во Лион, поради финансиски проблеми. 

Надлежните лица од болницата велат дека се наоѓа „меѓу живот и смрт“ и дека има 90 отсто изгореници на телото. 

Пред да се запали, на Фејсбук напишал дека не може да живее со 450 евра, и дека го „убил“ францускиот претседател, Емануел Макрон, и десничарката Марин Ле Пен и Европската Унија. 

Тој ги обвини дека создале несигурност, и дека со 450 евра не може да се изнајми ниту соба во предградие на Лион. Момчето се запалило пред студентски ресторан, за да прати политичка порака. 

Коментари

Популарно