ФОТО: До пред 5 години немала ни за корка леб - денес заработува 8.000 евра за минута

Јутјуб ѕвездата Емили Канам до таа мера е успешна што може да заработи и до 7.000 фунти за само една минута.

Модната блогерка и јутуберка не само што има милион следбеници на оваа платформа, туку е и во врска со Џејмс Бурн кој припаѓа на таканаречената А листа на славни личности.

Но, пред само пет години се било значително поинаку - Емили го напуштила училиштето поради врсничко насилство и била на ивица на депресија. Вели дека влогувањето имало значително влијание на нејзиното ментално здравје и дека токму Јутјубот ја извлекол од дното.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

My kinda autumn vibes☺️

A post shared by Emily Canham🥰 (@emilycanham) on

Денес патува по светот и е редовна гостинка на црвените теписи, а се чини дека тоа е најдобра одмазда за сите оние кои ја малтретирале.

Таа признала дека може да заработи и до 7.000 фунти за една минута, односно и дека вработила агент кој се грижи за нејзините финансии.

Атрактивната бринета е во врска со 14. години постариот музичар Џејмс Бурн, член на популарниот бенд Бастед.

Интересно е и што нејзината помала сестра Софи тргнала по нејзините стапки и сама гради кариера на блогер, а на Инстаграм ја следат повеќе од 46.000 луѓе.

Коментари

Популарно