Беа симбол на Југославија, сите ги носеа а денеска веќе ги нема – за сите Југоносталгичари

Некои од вас добро се сеќаваат на нив. Беа измислени во Југославија, а денеска се речиси заборавени.

Се работи за Боросанките кои прво ги носеа жените кои работат во угосттелство и кои многу стојат на нозе. Станаа симбол на Југославија. Нивното враќање во модата се случи во Њујорк во 2009 година.

Во денешно време кога козметичка индустрија е на својот врв, тешко е да се замисли животот со ограничен број на шминки и козметика.

Во осумдесеттите девојките немаа многу избор околу шминката и имале поразличен тренд, но некои бои и мириси од тој период не можат да се заборават.

Највпечатливиот производ од тоа време дефинитивно беше зелениот кармин кој ја менува бојата кога ќе се нанесе на усните.

Зелениот кармин во златно пакување во допир со усните стануваше впечатливо црвен, а неговото постоење беше легендарно. Жените кои во тоа време го нанесуваа тврдат дека на усните можел да стои и повеќе денови и дека било многу тешко да се отстрани.

Карминот од турскиот призводител, девојките од Југославија секогаш ќе го паметат.

Освен легендата во златно пакување, осумдесеттите мирисале и на култни парфеми, креми, сапуни и шампони на кои ќе ве потсети галеријата со фотографии која ја подготвивме за вас.

Коментари

Популарно