Фото: На кого му пречеше видиковецот на Водно?

Вчера беше евиентиран вандалски чин на излетничките места покрај Скопје. Според градските власти се работи за непознати сторители при што уништиле еден видиковецт кај врвот на планината Водно.

„Непознати сторители деновиве уништиле еден видиковец на јужната страна на врвот на Водно. При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена“, велат од град Скопје

Од Град Скопје апелираат до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот.

Коментари

Популарно