Колку болно и длабоко го потресе спортскиот свет смртта на Коби Брајант потврдуваат пораките на социјалните мрежи кои се константни и кои пристигнуваат од сите страни. Уште потрагична димензија дава и смртта на 13-годишната ќерка на кошаркарот, Џана, која била заедно со него во хеликоптерот.
Најголемите Меси, Роналдо, Надал… сите се со пораки полни љубов, неверување, длабока тага и сочувство за семејството… Вечна инспирација и легенда!