Видео: ЖЕНА ГО НАПАДНА ПУТИН: Го праша како може да се живее со 157 евра?

Сиромашна жена од градот Санкт Петербург му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин и го праша дали може да се живее со 157 евра. 

Вели дека е инвалид и  го праша Путин како е можно да се живее со толку малку пари во Русија. Поточно, минималниот износ за егзистенција во Санкт Петербург е 164 евра. Жената го прашуваше Путин и за цената на киријата, продуктите и другите неопходни животни потреби, алудирајќи на тоа дека претседателот не знае како живеат сиромашните луѓе во неговата земја.

„Мислам дека е многу тешко“, одговори Путин. 

Месечната плата на Путин е околу 770.000 рубли, што изнесува 11.215 евра.

Коментари

Популарно