Стоечки овации и пет минутен аплауз за Медена земја на Златна бубамара

Наградата за интернационален успех во областа на филмот на овогодишното 23то издание на Златна бубамара на популарноста го доби македонскиот кандидат за оскар Медена земја, а наградата на сцената ја подигнаа дел од екипата која работеше на филмот како и двете семејства за кои се зборува во филмот.

Преполната сала со стоечки пет минутни овации и аплауз ги дочека на сцената Атиџе Муратова, Љутвие со дел од децата како и режисерката Тамара Котевска и Фејми Даут.

Како што истакна и режисерката тие не стигнаа да го освојат оскарот во Холивуд, но оваа награда им значи дури и повеќе, па решија наградата да ја примат онака како што мислеле тоа да го направат во Долби театарот во Холивуд – со песна изведена од насмеаната Атиџе.

Коментари

Популарно