Германија е прва земја што прифати италијански пациенти

Утринава на аеродромот во германскиот град Лајпциг, пристигнаа првите шест пациенти од Италија. Ќе бидат згрижени и лекувани од страна на германските здравствени работници, кои понудија помош за Италија, каде здравството буквално пропадна од неверојатното ширење на коронавирусот.

-Универзитетската болница во Лајпциг прими двајца од транспортираните пациенти, изјави портпаролот на болницата, нагласувајќи дека и двајцата се во сериозна состојба, а станува збор за 57-годишни мажи кои се донесени од Бергамо.

И во покарината Северна Рајна-Вестфалија во текот на наредниве денови се очекуваат 10 пациенти од Италија. Гувернерот на оваа покраина, Армин Лашет, истакна дека во овие моменти најважна е солидарноста меѓу државите во Европа.

Инаку, во Германија веќе има 33.000 инфицирани со коронавирусот, а починати се 159. Во моментов здравствените власти ги зајакнуваат одделенијата за интензивна нега, пред очекуваниот налет на новозаразени. 

Коментари

Популарно