Во САД уапсен човекот за кој се смета дека го произвел и го продал коронавирусот

Професор на универзитетот Харвард, Чарлс Либер (60) и еден Кинез се уапсени во Америка, а ФБИ објави дека тие го продале коронавирусот нао кинеската држава трагаат по уште еден Кинез.

- САД штотуку открија дека имаат човек што го направил и продал коронавирусот на Кина. Д-р Либер, раководител на одделот за хемија и биологија на универзитетот Харвард е уапсен - објавија директори на ФБИ во изјава за нацијата.

Обвинителите велат дека Либер има договор со Институтот за технологија Вухан. Тој исто така водеше група која имаше договори со Министерството за одбрана и националниот институт за здравство. Федералните агенти рекоа дека Либер лажел за неговите врски со Кина кога давал изјави за тие договори.

„Се чини дека Кина му платила на Либер стотици илјади долари во текот на годините за вмешаност во кинески експерименти и истражувачка работа“, рече генералниот јавен обвинител на Масачусетс, Ендру Лелинг.

Либер беше уапсен во неговата канцеларија на универзитетот Харвард, а потоа беше ставен на административен одмор. Тој нема да може да учествува во наставни или истражувачки работи, соопшти универзитетот.

Уште едно обвинение е поднесено против кинески државјанин, кој работел како истражувач на универзитетот во Бостон. Лелинг рече дека Џангинг Ји е потполковник на кинеската армија, но тоа не беше откриено кога бараше американска виза. Тој во моментов е во Кина и не е уапсен.

„Пребарувањето на неговите електронски уреди покажа дека Ји добил информации за Националната ослободителна армија од двајца американски граѓани со експертиза во роботика и компјутерски науки“, рече Лелин.

Трет обвинет е кинескиот државјанин Заосонг Зенг, кој го спонзорирал Харвард и работел како истражувач во Медицинскиот центар Бет Израел. Тој, наводно, бил фатен во декември на аеродромот во Логан во обид да прошверцува биолошки материјал од земјата.

Според НПР (Национално јавно радио) во февруари годинава, Чарлс Либер е професор кој живеел мирен живот како истакнат американски научник. Неговата лабораторија на Харвард истражуваше работи како да се поврзат ситните електрони со мозокот. И, тогаш, на 28 јануари, ФБИ чукна на неговата врата. Либер сега е обвинет за „интелектуална трговија“ или продажба на знаење за пари и ќе одговра за тоа. Полициските истражители наведуваат дека тој поставил лабораторија во Кина во замена за неколку стотици илјади долари грантови на кинеската влада, а потоа им тврдел на американските иследници дека не знае ништо за исплатите.

Врските за случајот на Либер со кинеската програма за вработување наречена „Илјадници таленти“. Според Мајкл Лауер, заменик директор за истражувања во Националниот институт за здравство, програмата првично беше креирана во 2008 година, како начин Владата да ги врати кинеските научници дома. Со текот на времето, западните научници се вклучија во програмата. Од нив беше побарано да формираат лабораторија во Кина и да поминат барем дел од своето време работејќи таму во замена за големи плати.

Кривичната пријава против Либер исто така тврди дека тој ги излажал и владата и Харвард во врска со неговата вмешаност во Планот за илјадници таленти. Според претставката, Либер бил вклучен во програмата најмалку од 2012 до 2017 година. Неговиот договор бил плата од дури 50.000 американски долари месечно, заедно со околу 150.000 американски долари годишно во трошоците за живот и 1,5 милиони долари за формирање лабораторија на универзитетот за технологија во Вухан.

Во истрагата се вели дека кога биле прашани од страна на истражителите на Харвард и Министерството за одбрана, кои заедно со НИХ му дале грантови за скоро 18 милиони долари, Либер рече дека никогаш не му било барано да учествува во програмата Илјадници таленти. 

Либер не е Кинез, но голем дел од научниците уапсени или отпуштени за земање пари од програмата „Илјадници таленти“ се кинески државјани. Ова доведе до тоа некои да тврдат дека владата сака да профитира на расна основа, но ова обвинение врз владата Лелин го негира.

Адвокатот на Либер, Питер Левит, одби да зборува за наводите. Но, други што се запознати со случајот, велат дека се отвораат важни прашања во врска со етиката, научната отвореност и можното расна дискриминација. „Ова е голем случај“, вели Френк Ву, професор на Правниот факултет на Универзитетот во Калифорнија, кој се занимава со кинески случаи на шпионажа. „Ова е случај што се фокусира на кинеско-американските односи. Станува збор за конкуренција. Станува збор за тоа како треба да се постапува со науката “.

Некои истакнати аналитичари се сомневаат во вистината на овие информации и веруваат дека станува збор за специјална војна против Кина.

Kurir.rs/boston.cbslocal.com

Коментари

Популарно