Фото: Шабан Шаулиќ се гордеше со него

Легендарниот пејач Шабан Шаулиќ  кој почина во трагична сообраќајна несреќа во Германија на 68-годишна возраст има внук, неговото име е  Лука Аџиќ.

Жената која признава дека со фолк легендата Шабан Шаулиќ поминала 15 години, Ивона Неговановиќ Цуца изјави:

„Шабан ги обожаваше внуците, особено Лука Аџиќ кој потоа стана млад фудбалер на Црвена Звезда, милион пати го шетавме заедно кога беше мал по трговските центар, му купувавме патики и коапачки и никој не знаеше за тоа, ниту Лука некогаш зборувал за тоа“.

Тој по професија е фудбалер од онаа помладата генерација, на новонадежни мајстори на топката. Лука е инаку, син на Санела, ќерката на Шабан. Санела со текот на времето се разведе од Иван Аџиќ. Пејачот во бракот со Гоца има уште една ќерка, постарата Илда која е позната успешна пејачка на народна музика.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

⚽️🤹

A post shared by Luka Adzic (@adzinho17) on

Но, самиот Лука Аџиќ, привлекува големо внимание не само заради тоа што е внук на фолк легендата, туку е и мамка за голем број девојки поради својот атрактивен спортски изглед. Велат, дека им е ем убавина ем здравје додека го гледаат.

Лука најпрво играше за белградската „Црвена Звезда“ па потоа се пресели во белгискиот првак „Андерлехт“, а сега е на “позајмица” во холандскиот прволигаш „Емен“.

Девојките на социјални мрежи му пишуваат отворено дека не ги остава да бидат рамнодушни, па тие дури одат и до таму прашувајќи го дали е заинтересиран за брак? Но, неговата љубов за сега припаѓа на една Александра.

Со неа Лука е во врска веќе неколку месеци. Кога обожавателките дознале за Александра не го криеле своето големо разочарување…..                                    

Коментари

Популарно