(ВИДЕО) Се појави снимка од Мицкоски како се движи пред кафеаната на „Боемска“

Видео-снимка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како се движи пред кафеaната по улицата Боемска, во чиј затворен дел пред два дена седеше со уште двајца пријатели, се појави на фејсбук.

Видеото го сподели поранешната новинарка Јорданка Ивановска. Видеото е кратко и трае неколку секунди, но се гледа Мицкоски како се движи и врти во десно за влез во кафеаната.

Мицкоски призна дека седел во затворениот дел во кафеана во Дебар Маало, но рече дека не бил доволно информиран за протоколите.

Извор: https://batali.net/

Коментари

Популарно