Васил Гарванлиев победи на интернационалниот фестивал „Ворлд фолк вижн 2020“

Нашиот годинашен евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, со песната „Ѓердан“ победи во една од категориите на интернационалниот фестивал „Ворлд фолк вижн 2020“, а тоа беше објавено на асоцијацијата „Global Culture Initiative“. Но, потоа и самиот пејач оваа убава вест ја сподели на неговите социјални мрежи.

На овој глобален фестивал учествуваа над 4.000 реномирани уметници од пет континенти, а гласањето траеше еден месец. Во одлуката за најдобрите беше вклучено 44-члено професионално жири од повеќе земји од светот. Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со ковид-19 се одвиваше онлајн на нивната онлајн платформа.

– Сè уште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со Ѓердан да учествувам – песната која ја посветив на нашата татковина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време“ – изјави Гарванлиев по соопштувањето на резултатите и  веста за победата.

Коментари

Популарно