Анабела на „столбот на срам“ заради**

Анабела екс Фанки Џи дефинитивно е една од најомразните пејачки во соседството, а се почна откако ќерка и Луна стана дел од реалното шоу Задруга. Луна беше дел од шоуто во сите три сезони - во првата се прослави како љубовница, во втората како победничка, а годинава влезе како гостинка. И во оваа последната Задруга не беше сама, тука беа дечко и, мама Анабела или Злобела (како што ја нарекуваат по социјалните мрежи) и тато Гаги. Кавгите со ќерката и екс сопругот, како и омразата кон Марко, дечкото на Луна, на Анабела и ги донесоа епитетите најомразена и патетична немајка. 

Навредите кон неа не запираат и сега по завршувањето на шоуто. Последниот напад се случи откако таа објави фотографии додека се вози во автомобил со најмалата ќерка Бланкица.    

Имено, таа по излегувањето од реалното шоу м посвети повеќе време на својот втор сопруг и ќерка, па реши да сподели со фановите како се возат во автомобил. Токму снимките на Анабела повеќе предизвикаа гнев кај фановите отколку радост. Коментарите дека Анабела додека има врзано појас на себе нејзината ќерка нема само се нижеа.

- Важно е таа да е врзана, додека лета со автомобилот, а Бланкица? Каква мајка, се само дел од реакциите на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно