Кејт Мидлтон го откри рецептот за нејзината омилена торта

Кејт Мидлтон внимава на својата фигура и не јаде често благо, но кога ќе реши да се почести, секогаш одбира суфле со урми и прелив од карамела. Слаткарот на кралското семејство го открил рецептот за овој сочен десерт.

Состојки:

За преливот:

1/2 шолја кафеав шеќер

1 шолја путер

1/2 шолја слатка павлака

За колачот:

170 г исечкани урми

1 лажиче прашок за печиво

1 лажиче сода бикарбона

240 мл зовриена вода

60 г путер

170 г шеќер

225 г црно чоколадо

1 јајце

230 г брашно

1 лажиче екстракт од ванила

Приготвување:

Преливот: Во тавче загрејте кафеав шеќер, путер и слатка павлака на висока температура со постојано мешање. Кога шеќерот ќе се стопи, тргнете го од рингла.

Колачот:

Во чинија сипете 1 шолја зовриена вода врз сечканите урми и содата бикарбона и добро измешајте.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во друга чинија, со миксер матете шеќер и путер додека добиете лесна и пенеста текстура (околу 3 минути). Додајте јајца и екстракт од ванила и мешајте додека сето тоа се соедини. Додека мешате, полека сипувајте брашно, прашок за печиво и смесата со урми. Сето тоа заедно префрлете го во сад за колач.

Покријте го садот со хартија за печење, а потоа и со еден слој алу-фолија. Ставете го колачот во рерна и печете 30-40 минути.

Кога ќе се испече, со лажица извадете парче колач и послужете го на чинија. Врз колачот сипете го претходно приготвениот сос. По желба, можете да додадете шлаг и малку свежо овошје.

Добар апетит!

Коментари

Популарно