Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно  време со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Од среда следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Во деновите од викендот ќе дува засилен југоисточен ветер и преку денот ќе биде значително потопло.

Коментари

Популарно