Временска прогноза

Денеска наутро ќе има  појава на магла по одделни котлини. Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот и во текот на ноќта променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Коментари

Популарно