Професор Ванковска самата се „пријави“

Професор Билјана Ванковскаво врска со посетата на  Љубчо Георгиевски на Бугарија, каде како специјален претставник од Македонија, се обидува да ги подобри разнишаните односи меѓу политичарите од двете земји, по прашањето за Гоце Делчев на својот  ФБ профил објави:

„Еве, да се пријавам: јас бев еден од тие 40 професори што го потпиша Отвореното писмо, и според ЉуБчо Блгаринот, јас не сум Македонка, ами тој е по-Македонец  ;-) Замислете, јас сум била дел и на „длабоката држава“ што била многу моќна. Оваа мивка од човек, корумпиран па амнестиран политичар и искомплексиран предавник не сфаќа дека нашата моќ прозилегува од фактот што ние стоиме на страна на сопствениот народ кој е замолкчен, исплашен, понижен и згразен токму од таквите како него.“

Епа, среќен ви празник!

Коментари

Популарно