Пејачката Емина Јаховиќ повеќе не е во добри односи со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, со кој ги има синовите Јаман и Јавуз.
Емина одби за турските медиуми да зборува за него, па кажа дека тој сега е само татко на нејзините деца и ништо повеќе.
„Тој дел од мојот живот е завршен, нема да зборуваме за тоа, нема да зборуваме за Мустафа, тоа е готово. Тој е завршена приказна во мојот живот. Тој е само татко на моите два сина, тоа е готово, тоа имам само да го кажам“, изјави пејачката.