(Видео) Погрешно свртела, па се нашла среде трка со автомобили

Девојка со својот автомобил марка „мини“ погрешно свртела и налета на трка со автомобили на познатата патека Интерлагос во Бразил.

Необиченниот  инцидент се случи на трката во Мерцедес Бенц Челинџ на познатата патека во Сао Паоло. Меѓу моќните тркачки автомобили од марката „Мерцедес“ се појави еден необичен, „мини“ на кој немаше ознаки, туку изгледаше како обичен автомобил.

Официјалните лица веднаш испратија безбедносно возило и им дадоа знак на тркачите да забават, додека „мини“ беше паркиран покрај работ на патеката.

Според бразилските медиуми, инцидентот бил предизвикан од извесна Рената Монти (29). Таа дојде на трките за забрзување, познати како трки „дрег“, кои се одржуваа покрај Интерлагос. Како што рече, после тоа, таа тргнала дома, но свртела погрешно и завршила на патеката Интерлагос среде трката и среде директен ТВ пренос.

„Дојдов на трките за забрзување со моето момче за да го гледаме нашиот пријател.Наеден од нив им се расипа автомобилот, а јас забележав дека две девојки се натпреваруваат на таа трка. Затоа, решив да го заменам нашиот пријател и да се вклучам во натпреварот. После тоа, се упатив дома, но одеднаш се најдов меѓу бројните тркачки автомобили на трката на патеката. „Веднаш се засолнив и побарав помош како да излезам од патеката, па тие ми помогнаа да стигнам до пит-стопот, од каде успеав да излезам од Интерлагос”, рече таа.

Од автомобилската федерација на Сао Паоло изјавија дека го испитуваат овој инцидент.

Коментари

Популарно