Богаташка и понатаму во страв 2 години после кражбата во нејзиниот дом

Животот на Тамара Еклстоун, ниту две години после големата кражба не се вратил во нормала. Имено, овојпат открила дека нејзината ќерка сè уште живее во страв од крадците. Малата Софија речиси секојдневно ги прашува родителите дали крадците ќе се вратат.

Иако, за среќа, никој од нив за време на кражбата не бил во домот, семејството сè уште тешко спие и чувствува непријатност поради целата ситуација. Да потсетиме, Тамара во 2019-та година стана жртва на крадци кои од домот во Лондон украле накит вреден околу 60.000.000 евра.

Станот бил ограбен во 50 минути, само неколку часа откако Тамара со семејството отпатувала на божиќен одмор. Кражбата ја шокирале и нејзините соседи, со оглед дека се се случила во елитна населба во која камерите снимаат 24/7, а полицијата редовно прави контрола.

Чуварите биле на имотот и за време на кражбата. Крадците поминале низ градината и се упатиле кон собата со сефови. Додека бегале ги забележал еден од чуварите, но не успеал да ги спречи. Инаку, Тамара во вилата од 57 соби живее со сопругот и ќерката Софија. Меѓу украдениот накит бил и вереничкиот прстен, вреден околу 100.000 евра.

Коментари

Популарно