(Фото) Нарачала фустан преку интернет за 10.000 денари - погледнете што и стигнало

Девојка која на социјалната мрежа Тик Ток е потпишана како „аннадинх“ порачала преку интернет фустан кој чинел дури 10.000 денари.

Во видеото кое го објавила на социјалната мрежа покажа што сакала да порача и што ѝ стигнало. Имено, таа сакала долг елегантен фустан, елегантен син фустан со светки, а ѝ стигнало нешто сосема поинакво. Кога видела што добила, не можела да престане да се смее.

Многумина под видеото ѝ оставиле коментари прашувајќи ја каде го купила да знаат да не нарачуваат, некои пишале дека ова го повредува нивниот моден вкус, додека една нејзина пријателка напишѓала дека таа своите клиенти ги советува да не нарачуваат на интернет.

Коментари

Популарно