ВИДЕО: Неверојатната трансформација на „ГРДАТА“ жена ги изненади сите!

Оваа млада жена која била малтретирана поради нејзиниот изглед, па дури и наречена грда од сопствената мајка, ги воодушеви корисниците на Фејсбук со нејзината трансформација откако доби бесплатен мејковер.

Матва Фифи, која живее во Преторија во Јужна Африка и студира на Универзитетот Униса, била толку навредувана на социјалните мрежи што дури и затворила неколку профили.

Но, таа одби да се предаде на тролови и во еден момент дури напишала: „Нема да се откажам. Нема да се убијам за вас момци. Нема да престанам да се сакам себеси поради вас момци “.

Таа додаде: „Така ме создаде Бог и јас сум горда на тоа што сум“.

Матва рече дека добила советување за подобрување на нејзината самодоверба и дека неодамна добила бесплатен третман за комплетен мејковер што уште повеќе и помогнал.

Резултатите од мејковерот ги сподели на Фејсбук, а многу корисници на мрежата беа импресионирани со нејзиниот нов изглед.

Коментари

Популарно