Дождот направи големи проблеми во Велес - калта од ридот истече на улиците

Невреме со ветер, дожд и ситен град утрово го зафати Велес.

За кратко време улиците во градот кои се без атмосферска канализација беа преплавени со вода што го отежна движењето на сообраќајот.

Од Регионалниот центар за  справување со кризи за МИА изјавија дека  по пријава за паднато дрво на улица „Борис Трајковски“ интервенирале пожарникари од Територијалната Противпожарна Единица, како и дека засега не се пријавени поголеми штети од институциите и граѓаните. 

На снимки на социјалните мрежи се гледаат штетите кои ги направи дождот. На оваа снимка се гледа дека целата кал од ридот, се слева на улиците на тој дел од градот.

Коментари

Популарно