Денес се регистрирани 227 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19: 

• Скопје – 128

• Куманово – 15

• Прилеп – 12

• Штип – 11

• Крива Паланка – 9

• Кавадарци – 8

• Битола и Свети Николе – по 6

• Охрид, Струмица и Неготино – по 5

• Велес и Пробиштип -  по 4

• Тетово – 3

• Гевгелија – 2

• Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15  починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г,75г,70г,76г,64г и 64г), по едно починато лице од  Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Починатотот лице е на возраст од 82 години, од Охрид, починато во домашни услови.

Регистрирани сe 111 оздравени пациент од: 

• Куманово – 27

• Гостивар – 15

• Охрид – 12

• Штип – 10

• Прилеп – 7

• Битола – 6

• Скопје – 5

• Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4

• Кичево и Кратово – по 3

• Велес, Радовиш и Берово – по 2

• Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.364.488 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393

Коментари

Популарно