Времето денеска претпладне ќе биде со умерена до значителна облачност, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намалува. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје ќе имаме умерено до значително облачно време, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.